Не постои можност Договорот од Преспа да не биде ратификуван.

Ова го изјави претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис пред грчката телевизија „Алфа“. Според него Договорот меѓу Македонија и Грција ќе пристигне во парламентот во Атина во февруари или март следната година и за него ќе има „јасно мнозинство“. „Откако соседната држава ги исполни сите услови предвидени во Договорот, тој ќе пристигне за ратификација и во грчкиот парламент. Нашата проценка е дека во овој период – до февруари-март – ќе има јасна, да не кажам широка поддршка од 151-153 пратеници. Дали ќе дојдеме до 170 – тогаш ќе разбереме „, рече уште Никос Вуцис.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO