Холандските тајни служби откриле двајца служители на руското воено разузнавање претходно оваа година под сомнение дека планираат да навлезат во системите на специјална швајцарска лабораторија, користена од Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО).

Двајцата, за кои се смета дека работат за руското воено разузнавање (ГРУ) пројавиле интерес кон лабораторијата Spiez близу до Берн, соопштуваат холандскиот весник NRC и швајцарскиот „Тагес-Анцајгер“.

Во тоа време Spiez анализирала податоци поврзани со напади со отровни гасови во Сирија, како и атентатот од 4 март, кога е употребена нервната материја „Новичок“ против рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Солсбери.

Лабораторијата врши аналитичка работа за ОЗХО со седиште во Хаг.

Двајцата биле уапсени „на почетокот на годината“ од страна на холандската воена разузнавачка служба (MIVD).

„Двајцата, според извори во рамките на истрагата, носеле опрема што сакале да ја isкористат, за да влезат во компјутерската мрежа“ на лабораторијата Spiez.

Не се познати прецизни детали за апсењето на наводните агенти.

Но на 26 март холандскиот премиер Марк Рјуте објави дека неговата влада одлучила да протера „двајца вработени на руското разузнавање од руската амбасада“ како резултат на нападот против Скрипал, без да дава повеќе детали.

Сето ова е познато на швајцарската разузнавачка служба, изјави пред Франс Прес Изабеле Грабер, портпарол на Швајцарската разузнавачка служба (SRC). Швајцарската шпионска служба „активно учествува[e во оваа операција во соработка со холандските и британските партнери за спречување на незаконски deјствија против важна швајцарска инфраструктура“, рече таа.

Холандските власти одбија да коментираат за АФП.

Шефот на руското надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Иванов одби да коментира за инцидентот пред РИА „Новости“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO