Доколку го поддржите Договорот за името, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството и тие ќе станат круцијален дел на обединета Европа, изјави денеска во Охрид државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот.

„Би сакал да ги охрабрам луѓето во вашата земја да ја прифатат оваа историска можност. Мора да ја продолжиме нашата соработка, нашето пријателство, заедничките обврски, така што сум голем оптимист во таа насока, истакна тој.

Рот учествуваше на дебата во Античкиот театар во Охрид насловена „Македонија на патот на ЕУ“ заедно со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и други функционери. Тој наведе дека Македонија со потпишувањето на Договорот со Грција добива уникатна шанса за отворање на вратите кон ЕУ и НАТО.

Димитров истакна дека посетите на канцеларката Ангела Меркел, денешната посета на Рот, како и веќе најавените посети на неговиот германски колега и на министерката за одбрана, се потврда на силниот интерес на Германија, „за Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред.“

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO