Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Рот во Охрид ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров, по што двајцата ќе учествуваат на интерактивната дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“. Фокусот на дебатата ќе биде на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам, соопшти Министерството за надворешни работи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO