Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави дека нема да има промена на границите на Косово или размена на територии во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тој рече дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат со „признавање на независна и суверена држава Косово“. „Ќе има непроменливост на нашата државна територија и целосен суверенитет. Нема да има Заедница на српски општини со извршна надлежност со која се загрозуваат уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово“, изјави тој за Дојче Веле за време на посетата на Тирана.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO