Неколку балкански земји му се придружија на договорот на Европската унија со кој на полициските служби им се дозволува размена на ДНА податоци, отпечатоци од прсти и податоци за автомобили. Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија ја потпишаа „Конвенцијата Пруем“ на конференцијата за миграција и безбедност што вчера се одржа во Виена. „Ова е камен телмелник во борбата против организираниот криминал и шверцот со луѓе, како и против тероризмот и екстремизмот“, изјави автсрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл. Оваа конвенција во 2005 година во германскиот град Пруем беше потпишана од Австрија, Белгија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Шпанија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO