Властите во Јужна Каролина соопштија дека над 400 илјади луѓе ги напуштиле крајбрежните подрачја на оваа американска сојузна држава и оти околу 4 илјади побарале засолниште поради ураганот Флоренс.

Силниот ураган удри на брегот на Јужна Каролина поплавувајќи улици и предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Ветровите се со брзина од 155 километри на час. Ураганот Флоренс најпрвин имаше категорија 4, но потоа ја намали силата. Сепак, според властите, тој и натаму претставува опасност.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO