Кремљ соопшти дека ќе го проучи секое британско барање за испрашување на двете лица, кои Лондон ги осомничи за обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во строга согласност со рускиот закон. Портпаролот Дмитриј Песков рече дека досега не добиле такво барање. Британија обвини две лица, Русите Руслан Боширов и Александар Петров, за обид за убиство на поранешниот шпион и неговата ќерка со нервниот агенс „новичок“, пред влезната врата на Скрипал во Салсбери.

Кремљ негира било каква вмешаност на руската држава во труењето. Коментарите на Песков доаѓаат откако двајца мажи се појавија на интервју во телевизиската станица РТ која е финансирана од Кремљ, каде тврдат дека се невини.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO