Косовскиот претседател Хашим Тачи повторно го изрази ставот за „корекција на границите“ и изгледа убеден дека со тоа Косово ќе си гарантира признавање на независноста од страна на Србија.

На прес-конференцијата во Приштина по тридневната турнеја на регионот косовскиот претседател рече дека конечниот договор со Србија ќе биде резултат од деликатен и тежок процес. „Воопшто нема да биде лесно во наредните денови, недели или месеци, бидејќи не очекува корекција на границата од 430 километри. Корекцијата на границата му овозможува на Косово автоматско директно признавање од Србија. Признавањето од страна на Србија претпоставува и признавањето од петте земји на Европската унија, а тоа подразбира и симнување на руското вето „, рече Тачи.

Косовскиот претседател го поздрави барањето на претставниците на Албанците од Прешевската долина за резолуција во косовскиот парламент за обединување на овој регион во јужна Србија со Косово и ги повика сите претставени во парламентот партии побрзо да го гласаат владиниот тим кој да преговара со Белград.

Зборувајќи за своите посети во Албанија, Црна Гора и Македонија во последните неколку дена, Тачи истакна дека и трите држави го поддржуваат постигнувањето на договор меѓу Приштина и Белград.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO