Министерот за Брекзит Доминик Рааб предупреди дека Велика Британија нема да го плати ветеното на ЕУ после Брекзит финансиски договор, ако не биде постигнат договор за разводот.

Лондон се согласи да ја плати сетката за четиридецениското членство, проценета на 39 милијарди фунти (44 милијарди евра), како дел од договорот за повлекување.

Но разговорите за поширока спогодба се забавија, предизвикувајќи стравувања дека Велика Британија може да се оддели од Европската унија во март 2019 година воопшто без договор. Рааб зборуваше пред медиумите пред седницата на владата на Велика Британија за планирање на дејствијата при сценариот без договор.

Една од последиците би била дека „нема да ги вратиме договорениот пари“, изјави Рааб за Би-Би-Си.

„Ова не е закана, ова е изјава на факт, како дел од нашето планирање на договорот. Ќе се сообразуваме со нашите строги правни задолженија, но размерот на поетапниот начин утврден во договорот за повлекување, би отпаднале, бидејќи нема да има договор“.

Конечното плаќање ќе биде „значително пониско“ од договореното досега, рече тој.

Преговорите за Брекзит влегуваат во финалната фаза, при што двете земји се залагаат за договор во октомври или почетокот на ноември.

Земјите-членки на ЕУ, исто така, го забрзаат нивното планирање за сценарио со немањ на договор.

Британската влада ќе објави денес подоцна  28 „технички белешки“ кои опфаќаат различни прашања како таксите за роуминг на мобилни телефони и поддршката на еколошките стандарди. Станува збор за информирање на граѓаните и компаниите за тоа кои чекори треба да ги преземат ако нема договор со Брисел.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO