Годината е 1924-та, а денот е 18 септември. Во центарот на Софија дотекло мноштво од педесет илјади, без посебни покани. Улиците и плоштадот околу црквата Св. Недела се блокирани од луѓе. Оратори зборуваат на 5-6 различни пункта. Над 40 македонски братства дошле на собитието. „Щипяни ще съумѣятъ да се разправятъ съ всички родоотстѫпници“ пишува на натписот што го носи Штипското братство. Хор од 300 души пее „Вечная памят“, а мноштвото паѓа на колена, жалејќи за покоjникот. Продавниците во градот се затворени во знак на траур. Траур за кого?

Пред мноштвото се истрава слаб, рус млад човек, кој сеуште не е многу познат на бугарската јавност, но тоа наскоро ќе се промени. Пред малку добил известување дека физичките убијци биле ликвидирани во селото Припечене, Мелничко. До тоj ден, малкумина биле свесни за тоа што и зошто се случува во Пиринско. А тој млад човек за прв пат ќе одржи таков јавен говор, но никогаш не претпоставувал, дека таков ќе биде поводот за него. Тој е Иван Михајлов.

„Свещени сѣнки на Даме, Гоце, Матовъ, Развигоровъ…- започнува Ванчéто. – Разредете се, за да застане между васъ великиятъ вождъ на борческа Македония Тодоръ Александровъ!“

Тоа е собитието – траурната процесиjа за подлото убиство на лидерот на ВМРО. По излозите стојат натписи: „„Тодоръ Александровъ – Трауренъ День – Затворено!““ Тажната манифестација спонтано се насочува кон споменикот на Васил Левски, каде се поставени над деведесет венци. Такво е значењето на бугарскиот револуционер Тодор Александров.

Но какви се причините, кои довеле до неговото убиство на Пирин? Убиството дошло, не од српски или грчки куршум, а од бугарски. Тоа се прашањата кои оваа статиjа ќе ги разгледа.

Не би било целосно погрешно тврдењето дека тоа е уште една глава од македонските братоубиства, но би било најмалку неполно. Убиството на Тодор Александров и неговата одмазда коjа седела, се резултат на сериозна геополитичка игра. Тоа ги прави овие собитиjа поразлични од другите македонски убиства. Факторите кои играат улога за насликување на целата слика, за опишувањето на целата динамика, која се разиграла во последните денови од животот на Тодор Александров, се многу. Тие фактори се односите на ЦК на ВМРО, а делумно Тодор Александров со Коминтерната, со Воениот Сојуз, со федералистите, со поранешните санданисти, улогата што ВМРО ја одигрува во внатрешнополитичките борби во Царството Бугарија, и не на последно място- неговите односи со колегите од Централниот комитет (Петар Чаулев, генерал Александар Протогеров).

ВМРО, БЗНС и деветти јуни

Просрпската политика на Стамболиски ги настроjува ВМРО и македонските Бугари против владата. Во обид да излезе од меѓународната изолација, БЗНС непоколебливо ја насочува Бугарија кон зближување со Југославија за сметка на Македонија и нејзината бугарштина, која е подложена на невидено и нечуено национално угнетување од страна на Србите. За лидерот на ВМРО и бугарскиот офицер Тодор Александров е наjмалку навредливо да постои такво предавничко зближување меѓу Бугарија и Србиjа:

„Сърбия на Пашичъ и Александъръ, която стѫпка договоритѣ съ България на 1913г. и заграби подло сърдцето на българска Македония, като на 1919г. задържа заграбеното и отне на България Струмица, Царибродъ, Босилеградъ и др. български покрайнини и се надвеси надъ столицата на Царството почти на пушеченъ изстрѣлъ!“

Бугарската држава, во лицето на својата земјоделска влада, се претвора во соработник на Југославија против бугарските комити од ВМРО. Всушност, револуционерното движење во Македонија по Првата светска војна се појавува и покрај, а не со помошта на бугарската држава. Ставот на владата кон ВМРО и нејзиниот лидер, Тодор Александров, ја условива улогата на организацијата на внатрешно-политички план. Во четирите години додека Стамболиски е на власт се извршени редица атентати и убиства од страна на ВМРО како одговор на поддршката на БЗНС на болшевизираните комити, федералистите и ренегати, кои поминале на српска служба. Ова е навистина преседан во историјата на Бугарија. Ретко односите „ВМРО- бугарска влада“ биле апсолутно безоблачни, но никогаш до оној момент бугарска влада не водела слична тотална војна против бугарските револуционери. Уште од своето основање Внатрешната организација има непишано правило дека не треба да се меша во внатрешнополитички живот на Кнежевството / Царството, затоа што тоа би било отклонување од главната цел, имено ослободувањето на Македонија. Но, ниту еден од старите деjци не би допуштил дека официјална Бугарија би се наредила сред враговите на македонските Бугари. Ова непишано правило на комитите е нарушено за прв пат од Тодор Александров, имено за време на владеењето на Стамболиски. Тоа е нарушено од неопходноста ВМРО да продолжи да суштествува. Во пракса од 1922 година, Пиринскиот регион е своевидна „држава во државата“ и база на ВМРО за навлегување во Егејска и Вардарска Македонија.

На 23 март 1923 година, во Ниш е потпишана спогодба меѓу владите на Бугарија и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во која БЗНС „се наема да ликвидира базите на ВМРО на своя територия и да оказва съдействие на югославските гранични органи при охраната на границата срещу четите“.

Тоа доведува до раздразнување во голем дел од патриотски настроениот дел од општеството и се разбира, го провоцира уште повеќе ВМРО, кои што ги заплашуваат министрите со уништување. Како одговор, Стамболиjски изjавува дека ако се наложи, ќе го претвори Петричко во „гробишта“. Како резултат на овие напади, земјоделците целосно се ангажираат во борбата против ВМРО и го потценуваат факторот, коj во  крајна сметка ќе jа собори нивната влада – Воениот сојуз.

Во оваа ситуација, се случува Деветтојунскиот преврат. Макар што ВМРО нема директна вмешаност во изготвувањето на превратот, нејзини одделни членови учествуваат во метежите кои следат, како бугарски државјани и офицери. Членови на ВМРО се оние кои го убиваат Стамболиjски. ВМРО помага за разоружување на „земјоделците“ во Дупничко и Горноџумајско. Важно е да се нагласи дека учеството на ВМРО во овие настани во никој случај не докажува зависност од Воениот сојуз, каква што теза се лансирала во марксистичката историографија. Организацијата има свои мотиви да ги поддржи овие деjности.

Се разбира, не е изненадувачки дека Тодор Александров ги симпатизира авторите на „Деветти јуни“, кои до тој момент ја критикувале антимакедонската политика на БЗНС. Лидерот на ВМРО сака сигурен тил од страна на Бугарија додека ја води својата борба во Македонија. Таков тил не може да биде осигурен ако, во Бугарија, социjалното раслоjување, партиските страсти и партизанштината земаат врв за сметка на националните интереси. Затоа Тодор Александров ја пројавува иницијативата за помирување и обединување на буржоаските партии, кои декларирале дека ќе ги заштитат овие интереси. Лидерот на ВМРО заедно со неговиот секретар Иван Михајлов и младиот Кирил Дрангов се посредници за формирање на Демократскиот зговор. Тодор Александров се вмешува и при устроjувањето на новата бугарска администрација (поаѓајќи од интересите на ВМРО), што доведува до првите несогласувања меѓу него и Деветтојунската влада.

Тодор Александров, Владата на Цанков и Воениот сојуз

Деветти јуни носи надеж за македонските Бугари дека Бугарија ќе почне да води активна надворешна политика во нивна заштита, како во оној момент прават другите земји-губитнички за своите сонародници надвор од нивните граници (Унгарија, Германија). Офицерството, кое го извршило превратот, има голем авторитет во Македонија и јавноста навистина очекува сериозен надворешнополитички завој. Во крајна сметка, затоа ВМРО ги поддржало таквите деjствиjа.

Односите меѓу двата „неодговорни фактори“ во Бугарија – ВМРО и Воениот Сојуз, се повеќеслојни и сложни, но генерално следат две основни линии. Првата е на заедничка борба против „доброполските предатели” (про-српските елементи во БЗНС) и „болшевишките оръдия“. Оваа консензуална линија е следена последователно и од двете организации и во повеќето време и е врз основа на националниот интерес. Другата линија, пак, е таа на спротивставувањето меѓу нив самите . Воениот сојуз така и не ги прифаќа идеите на автономизмот, за него идејата за Независна Македонија е туѓа, а ВМРО не ги прифаќа обидите на воените да ја потчинат и раководат за да ја користат за цели различни од слободата на Македонија.

Големо е, за жал, разочарувањето на Тодор Александров, кога владата на Александар Цанков започнува да прави компромиси со она што е ветено. Одеднаш револуционерната борба во Македонија повторно е непријатна за власта кои сè помалку сакаат судири со Југославија. Одеднаш излегува дека бугарската влада не може да избега од обврските на Нишката спогодба, иако се обидува да ја ублажи ситуацијата. Тодор Александров е бесен на Заговорот, а и на Воениот сојуз, чиј интерес за судбината на македонските Бугари се намалува прогресивно и кој доаѓа на власт не без поддршката на ВМРО.

Ситуацијата се вжештува во почетокот на 1924г., кога под југословенски притисок владата уапсила голем број македонски легални дејци. Тогаш некои офицери се закануваат дека штом се справиле со „земјоделците“ и со комунистите, „ще се разправим и с македонците“. Ова, во комбинација со независното поведение на Александров води до обид за негово дискредитирање од страна на некои владини фактори. Идејата е да се поврзе неговото име со честите политички убиства.

Како одговор, Тодор Александров пишува исклучително остро писмо до министерот за внатрешни работи ген. Иван Русев, во кое му вели дека

„нито сме желали, нито сме прѣдизвикали да се водятъ сражения по улицитѣ, но винаги съ достойнство сме отговаряли, ще отговоримъ и занапрѣдъ на прѣдизвикателствата на самозабравили се български правителства и на отдѣлни министри… И Стамболийски, и Райко, и сие считаха ВМРО за нула безъ България и се опитаха да я унищожатъ и вѫтрѣ въ Македония подъ сръбско робство – и въ съгласие съ сръбската държава – и въ предѣлитѣ на Царство България. Резултатитѣ отъ тѣзи опити сѫ налице. Ако г. Русевъ не е добилъ поука отъ тѣхъ – нека си опита силитѣ.“

Санданисти и федералисти

Во 1919-1920г., кога Тодор Александров ја возобновува и оглавува ВМРО, тој знае дека тоа го прави при многу силна, но прикриена внатрешна опозиција. Обновената Внатрешна организација ги наследува како револуционерното искуство и устави на ВМОРО пред Војните за национално обединување, така и непријателството меѓу старите фракции во движењето. Таа пречка не е воопшто лесна за надминување, особено при новото ропство во Македонија и понижувањето, претрпено од Бугарија како држава која ја загубила војната.

Сепак, Тодор Александров се обидува да игра една обединувачка улога за сите фракции во организацијата. Оваа амбиција делумно доводува до неговата смрт.

Уште по Илинденско-Преображенското востание од 1903г. придобиваат завршен вид идеjните разлики сред македонските револуционери. Освен течениjата кои веќе постојат (врховисти и централисти) другото течение кое не само што се појавува, но и останува одржливо и заслужува внимание, е санданизмот. Околу Јане Сандански се групираат левичари и социјалисти (иако самиот тој и да не е таков), кои гледаат во распадот на Отоманската империја поле за докажување на нивната идеологија. Тоа во многу односи се разликува од автентичната идеја на централизмот коj го апсорбирана врховизмот, вкоренет во темелите на ВМОРО. Во 1907 година. – година по смртта на „гения на компромисите“ и главен двигател на централизмот Даме Груев, по наредба на Јане Сандански се убиени Драмскот војвода Михаил Даев и членовите на Задграничното претставништво Борис Сарафов и Иван Гарванов. Така се раѓа „тъмната страна на македоно-одринската борба“, која за жал ќе ја придружува револуционерната дејност на македонските Бугари со децении сè до создавањето на македонската нација. Оваа „темна страна“ се братоубиствата во круговите на ВМОРО.

Убиството на Сарафов и Гарванов бара издигнување на нов лидер- идеен носител на централизмот. Таков во случаjот е Тодор Александров. Токму во 1915г., кога тој е во ЦК на ВМРО е извршена смртната пресуда (издадена седум години порано) над Јане Сандански. Убиството на Сандански никогаш не е заборавено од неговите истомисленици, кои по Првата светска војна се јавуваат како сериозна опозиција за Тодор Александров. Тоа ја прави неговата улога како обединувачка фигура проблематична. Голем дел од заговорниците против него се санданисти и тоа не е без значење, кога станува збор за неговото убиство.

По Првата Светска Војна е основана и прокомунистическата и просрпска Македонска Федеративна Организација. Федералистите, како што ги нарекуваат, се составени од револуционери, потоа се претвораат во разбојници во околиите, за кои одгоеарале претходно. Покрај нив, при федералистите има доста бивши санданисти, од кои некои ги нудат своите услуги истовремено на болшевиците, на српската и на грчката полиција. Во времето на Стамболиски, федералистите се финансирани дури и од страна на Владата. Ако поранешните санданисти во ВМРО се прикриената опозиција на Тодор Александров, тогаш федералистите се негови откриени непријатели…

(продолжува)

Пишува- Калојан Васев

Завршил 164 Гимназија по изучување на Шпански јазик „Мигел де Сервантес“, Студира Бизнис и Историја на Абердинскиот Универзитет., Се интересира за историја, политика и меѓународни односи. Посебен интерес има кон историјата на Третата бугарска држава, бугарските револуционерни движења и националното прашање.

CONSERVATIVE.BG  – медиумски партнер на ТАТКОВИНА

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO