Инфлацијата во Германија во август достигнала до 2% на годишно ниво, покажува конечната проценка на Сојузниот завод за статистика во Визбаден.

На месечна основа инфлацијата е 0,1%.

Индикаторите се совпаднаа со прогнозите на аналитичарите анкетирани од Ројтерс и со прелиминарната проценка.

Инфлацијата во Германија, пресметана според стандардите на ЕУ / Хармонизиран индекс на потрошувачки цени /, во август изнесуваше 1,9% на годишна основа, а на месечно ниво останува иста. Овие податоци, исто така, се совпаднаа со експертските прогнози и проценки.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO