Шпанија ја надигра убедливо Хрватска со 6: 0 на стадионот „Естадио Мартинез Валеро“ во Елче во дуел од турнирот Лига на нациите.

Прецизни за Фуријата беа Саул, Марко Асенсио, Родриго, Серхио Рамос и Иско, а голманот на „коцкестите“ Ловре Калиниќ си постигна автогол.

На Светското првенство во летото Шпанија отпадна во 1/8 финалето, а Хрватска стигна до финалето, во кое загуби од Франција со 2: 4.

Во друг натпревар од Лига на нациите Белгија го порази Исланд со 3: 0 во Рејкјавик. Еден Азар го постигна првиот гол од пенал, а Ромел Лукаку постигна два гола.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO