Бразилскиот дефанзивец на Реал Мадрид Марсело беше осуден на четири месеци затвор од шпанските власти за даночни измами во вредност од 490, 000 евра. 30-годишниот фудбалер ќе плати казна во износ од 750, 000 евра, откако призна дека користел странски фирми за своите финансиски приходи и на тој начин ја измамил шпанската држава.

Законот во Шпанија гласи дека првата пресуда за период до две години е условна и Марсело нема да влегува зад решетки. Бразилскиот репрезентативец е поредниот, кој достигнува да договор со шпанските власти да плати казна поради затајување данок по Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо, Нејмар и Чаби Алонсо.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO