Заменик-премиерот на Кина предупреди дека протекционизмот  на „одделни земји“ претставува „сериозна закана“ за глобалниот раст, веројатно имајќи ги во предвид САД, кои наметнаа царини на кинески стоки во вредност од 50 милијарди долари, со закана и за повеќе.

„Некои протекционистички и еднострани мерки од страна на поединечни земји сериозно го поткопуваат владеењето на мултилатералниот трговски режим, што е најголема закана за светската економија“, рече Ху Чунхуа на регионалниот Светски економски форум во Ханој.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO