Вестникот „Катимерини“ наброи три можни сценарија меѓу октомври и декември 2018 година, во зависност од исходот и резултатот од референдумот во Македонија во согласност со предвидените рокови во Договорот од Преспа.

Според првиот, исходот од референдумот во Македонија ќе биде позитивен и веднаш ќе започне процесот за промена на уставот.

Според вториот, исходот пак е позитивен, но опозицијата останува со непроменета негативна позиција и се определува спроведување на предвремени избори.

„Во овој случај, процесот за уставни промени ќе заврши кон крајот на јануари-почетокот на февруари 2019 година“, пишува „Катимерини“.

Третото сценарио е негативен исход од референдумот, „Договорот од Преспа не влегува во сила и сè се враќа во почетната точка“.

Катимерини ги споменува февруари и март како можни временски ограничувања за гласање во грчкиот парламент. Мај е месец во кој ќе се одржат избори во Грција (локални, регионални и европски избори), а во септември следната година завршува четиригодишниот мандат на грчката влада.

Во публикацијата под наслов „Скопското прашање носи избори во мај“, весникот директно го поврза времетраењето на грчката влада со Договорот од Преспа, по изјавите на Панос Каменос и Алексис Ципрас за нивната соработка во коалициската влада поради различните ставови во врска со Договорот меѓу Македонија и Грција. Весникот потсетува на изјавите на двата коалициски партнери на одделни прес-конференции во Солун.

„Ако договорот биде поднесен за одобрување од грчкиот парламент во февруари или март 2019, повлекувањето на ʺНезависни Грциʺ ќе ги принуди СИРИЗА да продолжи како еднопартиска влада на малцинството и да ја поведе земјата кон избори. Се разбира, Ципрас спомена октомври 2019, но е јасно дека продолжувањето на животот на Владата со 6 месеци по гласањето на Договорот од Преспа со поддршка на малцинството за владата најверојатно е невозможно „, анализира весникот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO