Договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ. Фирмите веќе од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ.

Пласманот ќе се врши преку домашните комерцијални банки. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз. Предвидено е откако претпријатијата ќе ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO