21-годишниот фудбалер ја започна многу силно сезоната за „волците“ и е клучна фигура во составот на тренерот Ешпирито Санто. Невеш е производ на школата на Порто и уште како млад човек е определуван како идна ѕвезда во центарот на теренот. Затоа беше големо изненадување кога пред една година им се приклучи на „волците“  во Чемпионшип дивизијата, игнорирајќи го интересот на Челзи и Ливерпул.

Но, сега ќе биде многу потешко да го одбие Хосел Гвардиола и Манчестер Сити. Шампионот се надеваат да ја засилат средната линија, откакого  испуштија Жоржињо во текот на летото, а и со оглед на повредата на Кевин Де Бројне. Од друга страна, Жозе Мурињо е решен да го украде Невеш од шепите на градскиот ривал. На португалецот многу му се допаѓа неговиот сонародник, а двајцата имаат и ист агент – Жорже Мендеш, што може да е е клучно да ја натежне вагата во корист на „црвените ѓаволи“. Сепак играчот потпиша нов договор со „волците“, кој е до летото 2023 година и сопствениците на клубот сигурно нема да имаат желба да се разделат со играчот и ќе почекаат барем до летото.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO