Италијанскиот шампион Јувентус пројавува сериозен интерес за двајца од најдобрите играчи во светот – Пол Погба и Марсело. „Бјанконерите“ веруваат дека тие двајцата можат да бидат деловите кои недостасуваат од сложувалката за да се постигне големата цел за освојување на Лигата на шампионите. Според Tuttosport, спортскиот директор Фабио Паратичи ќе се обиде да организира уште една голема зделка откако  во текот на летото го доведе Кристијано Роналдо. Се очекува Роналдо да помогне, бидејќи тој е во одлични односи со својот поранешен соиграч во Реал.

Потешка задача најверојатно ќе биде повторното привлекување на Погба, за кого исто така се заинтересирани од Барселона, но со човек како Паратичи за Јуве не постојат невозможни работи. Покрај Роналдо, тој успеа да го доведе Емре Џан од Ливерпул со слободен трансфер и Леонардо Бонучи, кој се врати по една сезона во Милан. Останува да видиме дали и овој пат тој ќе успее да го земе најдоброто за Јувентус.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO