Халфот на Барселона и репрезентацијата на Хрватска Иван Ракитиќ изјави дека со нетрпение го очекува натпреварот од Лига на нациите со Шпанија вечерва. Хрватот ќе го одигра својот јубилеен натпревар број 100 во националниот дрес и ќе се соочи со многу свои соиграчи во клупскиот тим, како и против поранешниот тренер Луис Енрике.

,, Не можам да верувам дека ќе играм за стоти пат во дресот на националниот тим, неверојатно е, нема подобар противник од Шпанија за оваа посебна за мене вечер. 30-годишниот фудбалер, исто така, зборуваше за своите соиграчи во Барселона. Бускетс е најдобриот на својот пост и веќе долго време игра на највисоко ниво. За мене е големо задоволство да бидеме соиграчи во последните четири сезони. Тој ги прави останатите околу себе подобри играчи. Меси е најголемиот фудбалер во историјата. Секое мало дете го знае тоа. Сепак, оваа година, Модриќ ги заслужува сите престижни награди „. Шпанија вечерва е домаќин на Хрватска на домашен терен во натпревар од Лигата на нациите на ʺЕтадо Мартинез Валероʺ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO