Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) очекува значително зголемување на своите инвестиции во Македонија и во Грција, по договорот за промена на името, изјави потпретседателот на финансиската институција Пјер Хајлброн.

„Надминувањето на спорот ќе „отклучи“ многу проекти, бидејќи двете земји имаат желба да го претворат својот политички успех во конкретни инвестиции“ изјави Хајлброн во рамките на регионалниот политички и бизнис-форум во Блед.

Според него, надминување на спорот ќе го зголеми интересот на другите инвеститори за инвестициите во двете земји.

ЕБОР е заинтересирана за инвестирање во трансгранични проекти меѓу Македонија и Грција, главно во сферата на енергетиката и транспортот.

Во 2017 година, ЕБОР инвестираше 630 милиони евра во Грција и 50 милиони евра во Македонија.

Во текот на следните три години, ЕБОР планира да инвестира 900 милиони евра годишно во проекти во земјите од Западен Балкан, главно во инфраструктурата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO