Дефанзивецот на Челзи Антонио Рјудигер е на мислење дека неговиот соиграч Еден Азар е вториот најдобар фудбалер во светот и отстапува единствено на Лео Меси од Барселона.

Иако тој се приклучи на тимот покасно после паузата, Азар ја започна силно новата сезона.

Белгиецот постигна два гола за „сините“ во Премиер лигата, а во петокот за запиша и за националниот тим против Шкотска.

Рјудигер минатата недела играше за Германија против Франција (0: 0). Запрашан каква оценка може да даде за младата ѕвезда на „петлите“ Килијан Мбапе, Рјудигер одговори дека напаѓачот на Франција сеуште не е на нивото на Еден Азар и други големи ѕвезди. „Неверојатно брз е, навистина добар играч. За да биде запрен, треба да му се спротивстави целиот тим. Ако го прави тоа еден против друг … среќа! Но за мене најдобар во светот останува Меси, а потоа Азар“ рече Рјудигер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO