Јапонецот Кеј Нишикори е трет по финансиски приходи меѓу колегите во тенисот по Роџер Федерер и Рафаел Надал. 28-годишниот тенисер заработил 34,6 милиони долари од 31 мај 2017 до 31 мај 2018 година. Пред него се само Федерер со 77.2 милиони долари и Надал, кој заработил 41,4 милиони долари.

Нишикори е првиот Јапонец кој достигнува до финалето на Гренд слем турнир во 2014 година, каде што губи од Хрватот Марин Чилиќ во три сета. Од 14 години се преселува од Јапонија во САД за да тренира на Академијата IMG. Некои од неговите најпознати спонзори се Пиварницата ,ʺAsahi“, авионската компанија ʺJapan Air“ и автомобилската марка ,ʺJaguar „. Нишикори е амбасадор на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Јапонцот споделува дека неговата популарност во родната земја е навистина огромна. „Сакам да сум во Јапонија, но не можам да бидам таму повеќе од една година. Инаку ќе полудам. Не можам да одам слободно низ улиците поради мојата слава таму. Морам или да се сокријам или да носим пообични облеки. “ Меѓу 100-те најскапо платените спортисти, Нишикори се рангира на 35. место. За споредба, шампионот оваа година на турнирите од гренд слем на Вимблдон и US опен, Новак Ѓоковиќ е едвај на 86-то место со заработените 23.5 милиони долари.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO