Испраќање економски советник од Германија и формирање управувачки комитетот меѓу двете земји се двата чекори што ќе се преземат во напорите за зајакнување на екомската соработка, но и во обидите на Берлин да и помогне на Македонија да се адаптира кон условите, кои владеат во ЕУ.  За ова било разговарано на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел, која беше во посета на земјава во пресрет на претстојниот референдум.

Заев очекува германскиот економски советник да пристигне до крајот на годината и како што кажа на денешната прес-конференција со економскиот тим министри, одговарајќи на новинарско прашање, со Меркел освен за референдумот и претстојните процеси на интеграција во ЕУ, акцент бил ставен на економијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO