
Господине Заев, како македонскиот народ во 1903 година имал кауза, а во 1915-18 г. немал?

Не е доволно да се потпише Договор за добрососедство. Тој договор треба да оживее!
ʺНашата политика на сеќавањето е политика на заедничко чествување на сите жртви, затоа што сите жртви еднакво болат. А големата војна која заврши во 1918 година донесе многу жртви и страдања, но и многу научени лекции.“
Со овие прекрасни зборови премиерот Заев се обрати кон гостите на свеченост која што се одржа во Свечената Сала во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) по повод стогодишнина од крајот на Првата светска војна со отворање на изложба „Лицата на војната: Македонија и Македонците во Големата војна 1914-1918 „во организација на Државниот архив на Република Македонија.
Но, за жал, продолжи со мантрите од едно минато време:
„Во отсуство на своја држава, Македонците и другите жители на овие простори беа мобилизирани во армиските состави на Србија, Бугарија и Грција и активно учествуваа во Македонскиот (Солунскиот) фронт.“
Со сигурност многу луѓе биле мобилизирани во туѓи армии и се бореле за туѓи каузи. Не било толку тешко на почетокот на 20 век да те направат присилно војник.
Но, можат ли насилно да те направат генерал? Знае ли премиерот Заев дека во тоа време Македонија родила не само војници туку и генерали и други високи офицери?
Нека да го потсетиме за:
Генерал-полковник Климент Евтимов Бојаџиев – роден во Охрид на 15.07.1862 год., за време на воjната бугарски воен министер,
Генерал-полковник Крстју Христов Златарев –роден во Охрид на 23.02.1864 год.
Генерал-мајор Диониси Писинов – роден во Охрид на 12.07.1863 год.
Генерал-мајор Александар Николов Протогеров –роден во Охрид на 23.02.1867 год.
Генерал-мајор Владимир Антонов Кецкаров–роден во Охрид на 10.10.1893 год.
Генерал-мајор Климент Джеров- роден во Охрид 1867 год.
генерал-мајор Константин Жостов роден во 1867 год. во Неврокопското село Гајтаниново;
Генерал-мајор Коста Николов 1873 – 1944 година од селото Вирче, Царево село, денеска Делчево
Генерал Константин Венедиков роден во 1866 година во разлошкото село Бања
Генерал-мајор Григор Ќуркчиев, роден во градот Прилеп, денес во Република Македонија.
генерал-мајор Антон Михајлов Ковачев роден во 1877 година во Штип, денес во Република Македонија.
генерал-мајор Иван Стојков роден во село Гајтаниново, Неврокопско во 1866 година. Во 1915 година го ослободува Охрид.
генерал-мајор Кирил Јанчулев роден во 1896 година маалото Варош на македонскиот град Прилеп
Генерал Владимир Руменов-роден во 1870 година во градот Крушево,
Генерал-мајор Васил Силјановски 1870 -1946 роден на 10 ноември 1870 година во Крушево, Македонија
Генерал-мајор Александар Попдимитров 1892 -? роден во градот Кратово, Македонија.
генерал-мајор Јордан Венедиков роден на 15 јануари (27 јануари нов стил) 1871 година во село Бања, Разлошко.
Генерал-полковник Александар Танев-роден на 1 септември 1864 година во Велес. Командантот на 2 кавалериска бригада.
Полковник Борис Стојанов Дрангов 1872 – 1917-роден на 3 март (по нов стил на 15 март) 1872 година во Скопје …
Апсурдно е да се зборува за Првата светска војна во Македонија и да не ги спомнуваме нивните имиња!
Премиерот не кажа ниту збор и за 11 Македонска дивизија во составот на бугарската армија – составена целосно од доброволци. Не кажа дали се идентификува со идеалите на тие смели Македонци кои се бореле пред еден век, или не?
Заев зборува за „Македонците и другите жители на овие простори“. Очигледно, под Македонци не ги разбира сите жители на Македонија, а само основното население. Само пред седмици тој објави дека Илинденското востание било македонско. Вистинотоста на ова тврдење зависи од определувањето на терминот Македонци за тој период. Ако тврди дека и тогаш Македонците биле посебен народ, нека објасни како македонскиот народ во 1903 година имал кауза, а во 1915-18 г. немал? Или ако имало идеал за кој илјадници го жртвувале животот, нека каже што е тој?
Одговорот е лесен. Каде се сите живи илинденци во ʺГолемата војнаʺ?
Зошто сите тие активно се борат во составот на бугарската војска? И тешко ли е Заев да признае дека всушност Бугарија влегла во таа страшна касапница токму заради нив?
Како не се најдело дури едно крило од инаку фрагментираната револуционерна организација, која да се објави за некаква поинаква кауза од бугарската?
Очигледно е дека тогаш македонците се определувале како дел од бугарскиот народ!
Сигурно е тешко за Заев да прифати дека за огромниот дел од неговите предци идеалот сè уште бил „целокупна Бугарија“, а автономна или независна Македонија со бугарски цркви и училишта бил само прифатлив компромис, кога идеалот изгледал невозможен.
За време на „Големата војна“ рамо до рамо за идеалот „Целокупна Бугарија“ се бореле како Тодор Александров, така и идниот му смртен непријател – генерал Александар Протогеров. Во бугарското воено усилие даваат свој придонес Ѓорче Петров – како градоначалник на Драма (денес во Грција) и Димитар Влахов – како губернатор на Косово! Во бугарска униформа во Втората балканска војна загинува синот на Питу Гули! Списокот е бескраен …
Афирмација на современиот македонска идентитет и пријателството со Бугарија минуваат низ тежок процес на преосмислување на историјата. Добро е господин Заев да се замисли каде стигна неговиот претходник на премиерската функција, кога се оддаде на историска фантастика!
На снимата: Одбележување на 15-годишнината од Илинденското востание за време на Првата светска војна. Меѓу луѓето има живи учесници во востанието !
––––––––––––––––
Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
