Шпанија се наметна над Англија со 2: 1 на стадионот на Вембли во Лондон, во натпревар од новиот турнир на УЕФА Лигата на нациите.

Во 11-тата минута Лук Шоу даде идеален пас на Маркус Рашфорд и напаѓачот одблизу ја затресе мрежата на шпанците.

Гостите меѓутоа, многу брзо одговорија и за 120 секунди го изедначија резултатот со точниот удар на Саул Нигес. Победничкиот гол за Шпанците го постигна Родриго во 32. минута.

Лук Шоу доби многу непријатна повреда на главата на почетокот на второто полувреме по судир со Дани Карвахал. Левиот бек на Манчестер Јунајтед лежеше неподвижно на теренот неколку минути, а потоа беше изнесен на носила и маска за кислород. Кратко потоа, Шо се јавил на блиските од соблекувалната за да ги успокои, дека со него се е во ред.

Англија загуби официјален натпревар на „Вембли“ за прв пат од 2007 година, кога отстапи пред Хрватска со 2: 3 во квалификациите Евро 2008. Потоа „трите лава“ запишаа серија без пораз од 24 натпревари. Шпанија по втор пат во историјата ја надигра Англија на „Вембли“, првата победа датира од 1981. На овој стадион Шпанија имаат исто пет порази и две реми.

Во други средби од Лигата на нациите Швајцарија го победи Исланд со 6: 0, Белорусија постигна пет гола со Сан Марино, а Босна и Херцеговина надвладеа над Северна Ирска со 2: 1 како гостин.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO