

Со едно свое решение / 1-3 септември 2018 година / Архиерејскиот совет на Вселенската патријаршија, ги поставува во позиција на шах не само Руската и Српската православна црква, но и БПЦ. Решението ги разврзува рацете на вселенскиот патријарх Вартоломеј да дава автокефалност на секоја црква која го побарала тоа без согласување со останатите помесни цркви. На прв поглед таквиот чин ги засега амбициите само на Руската и Српската црква. Неслучајно денови пред тоа рускиот патријарх Кирил го посети во Истанбул вселенскиот патријарх Вартоломеј, а српскиот патријарх Иринеј му испрати луто писмо. Целта на овие акции беше само една – да не се даде независност на украинската и македонската црква. За црквите во Москва и Белград таквите акции не се нешто ново. На 18 и 19 февруари 2003 година во Нови Сад претставници на овие две институции се согласија да соработуваат за меѓународна црковна изолација и спречување на контакти на другите православни цркви со Македонската и Украинската – Киевска митрополија.
Кој е новиот момент во случајот?
Новиот момент е писмото на македонските архиереи од 11 ноември 2017 година, со кое тие ја признаваат Бугарската Православна Црква за Црква-мајка на МПЦ -Охридска архиепископија и настојуваат за следните чекори што треба да ги направи Светиот Синод на БПЦ. Бавноста, колебливоста и стравот од страна на бугарските архиереи за решителни дејствија ја принуди МПЦ-Охридска архиепископија да побара помош од Вселенската патриаршија.Тоа се совпадна со моментот кога и прашањето за самостојноста на Киевска митрополија беше актуелизирано. Политичкиот, па дури и геостратегискиот мотив тука е очигледен. Кој ќе одрече дека при усвојувањето на егзархиските епархии во Егејска и Вардарска Македонија по 1913-1919 година не дејствуваа грубо, цинично и варварски политичките побуди? Нема смисла да се потсетиме на тогашните државнички цели на Грција и Србија. Но, денес има уште еден геополитички фактор. И токму тој фактор го разрушува едномислието и еднодејствието на српската и грчката страна. Давањето на самостојност на Украинската црква e поддршка на евроатлантската ориентација на земјата, а на тој пат оди и МПЦ-Охридска архиепископија и државата Македонија. Вселенскиот патријарх Вартоломеј итро го користи овој казус, за да излезе со едни гради пред претендентот за првенство во православниот свет всерусијски патријарх Кирил. Тврдењето за кононичноста при решавањето на црковните прашања е поскоро биберон за пеленичиња. Со каква каноничност може да го обврземе признанието на император Василиј Втори Бугароубиец од 1019 и 1020 година, во кои експлицитно со државничка категоричност се разрешени чисто црковни прашања! На пример со неговата грамота од 1020 година Императорот наредува: „Охридската архиепископија управува со сите бугарски епископства кои ори царевите Петар и Самуил се владееја од тогашните епископи …“ Каде е Канонот тука и каде е духовното лице кое распоредува така? ! Урок или шамар е за Бугарската православна црква решението на Вселенските архиереи од 1-3 септември 2018 година !? Урок е затоа што и покажува на БПЦ како се дејствува во слични ситуации и истовремено шамар, чија звучност ги разобличава безволието и неактивноста на Вишиот бугарски клир. Тој го пропушти моментот кога беше должен да ја приопшти Македонската црква во својата егзархиска прегратка, за да воскресне една погазена историска вистина, криејќи се зад „Канонот“.
И колку блиску беше сето тоа!
Зошто, вие, високи бугарски свештеници не се појавивте во Охрид на тржествата по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија за да ја потврди нејзината вистинска суштина? Зошто вие, високи бугарски државници, не го разбирате значењето на сопственото Ви присуство на тие тржества? Зошто доброволно се претворивте во публика, која понизно и гузно набљудува, како други се распоредуваат над срамно изоставениот од вас терен?!
Урокот и шлаканицата се за сите нас, за цела Бугарија.
–––––––––––––––––-
Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на списанието „Бугарија-Македонија“ и директор на издавачката куќа „Св. Климент Охридски“. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС.
