Норвешкиот министер за транспорт, Кетил Солвик-Олсен, денеска поднесе остаква од функцијата давајќи ѝ простор на неговата сопруга, која работи како доктор, за напредок во кариерата. Ваквиот гест на Олсен беше поздравен во јавноста како пример за еднаквост меѓу мажите и жените.„Беше фантастично да се работи како министер за транспорт и врски и, ако сум целосно искрен, би сакал да продолжам така до крајот на животот“, изјавил Солвик-Олсен, член на Партијата за напредок, кој на позицијата бил од 2013 година.

„Сепак, сега дојдов на крстосница во мојот живот кога е ред на сопругата да го оствари својот сон. Сето ова е дел од договор што го направивме пред многу години“, објаснил тој. Неговата сопруга, Тона Солвик-Олсен, ја прифатила за период од една година понудата за лекарска позиција во детска болница во САД.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO