Рускиот претседател Владимир Путин е во Сибир, објави неговиот кабинет во понеделникот, проследувајќи ја информацијата со фотографии на кои се гледа како Путин планинари и плови по реката, пишува „Слободен печат“.

На фотографиите Путин е со ранец на грбот, плови по реката Енисеј и ѝ се восхитува на природата во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Путин минатиот викенд бил во Тува во друштво на Шојгу и шефот на разузнавачката служба Александар Бортников. Шојгу е од Тува и често го канел Путин во тој крај.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO