Еди Марфи, актерот кој наполни 57 години, очекува дете од австралиската актерка Пејџ Бачерс, на 39 година, која за прв пат го покажа неjзинот растечки стомак во Лос Анџелес минатата недела.

Неговиот агент ја потврди веста во соопштението, кое гласи: „Еди Марфи и долгогодишната му пријателка Пејџ Бачерс имаат задоволство да соопштат дека очекуваат второ дете во декември“.

Двајцата се состанаа во 2012 година и сега се родители на двегодишната ќерка, Иззи.

Комичарот Марфи има уште 8 деца од претходните врски, вклучувајќи 29-годишен син Ерик од Лет Макниjл. Другите негови деца се Бриjа на 28, Мајлс Мичел на 25, Шаjн на 23, Зола Аjви на 18 и Бела на 16 од неговата поранешна сопруга Никол Мичел Марфи. Тоj, исто така ги има и 27-годишниот Кристијан од Тамара Худ и 11-годишната Ангел Аjрис од ѕвездата на Спајс Грлс, Мел Би.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO