Николаj Василев
Николаj Василев

„За огромното мнозинство од Англичаните војната во тоа време им се привидуваше како борба на живот и смрт меѓу силите на светлината и силите на темнината. (…) На Балканот изборот на страна во војната требаше да се земе во средина сосема различна од онаа со која бевме навикнати на Запад. “

Ова го пишува британскиот ополномоштен министер во Софиjа сер Џорџ Рендал кој во почетокот на Втората светска војна не успева, во обидот да го спречи влегувањето на Бугарија во тристраниот пакт. Благородниот англиски дипломат не брза да ги осудува сите, кои по една или друга причина се одлучиле да соработуваат со неговите непријатели. Слично благородништвото очигледно недостасува кај некои современи коментатори во Русија, во Македонија, а и меѓу „левите“ кај нас. Русија никогаш не пројавувала таква чувствителност дури кон своите најверни сојузници. Според Људмила Козлова – заменик претседател на Комитетот за социјална политика на Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент), нацизмот се враќал – од балтичките земји, до Ерменија! (Независимаја газета 6-ти февруари 2018). Нејзината критика кон Ерменија изгледа чудна. Па нели барем до предизвиканата од масовното народно незадоволство оставка на премиерот Саргсјан, таа беше еден од малкуте останати руски сојузници. Козлова е револтирана од издигнувањето во Ереван на споменик на генерал Карекин Наждех. Според неа „неговите раце биле извалкани со крвта на илјадници наши дедовци и прадедовци!“ Човек којсоработувал со Хитлер, да биде прогласен за херој! Срамота!

Едвард Шармазанов, портпарол на управувачката во Ерменија републиканска партија, не задоцни со соодветен одговор: „Ако некој соработувал со фашистите, тоа е целото советско раководство предводено од Молотов и Сталин, кои го потпишаа пактот со Хитлер“.

Секој во Ерменија знае кој е генералот Карекин Наждех, но за жал истото не може да се каже за Бугарија и за Македонија. А тој е наш херој, колку и ерменски!

Наждех е роден во 1886 година во Нахичеван, тогаш дел дел од Руската империја, денеска е енклава (поскоро ексклава) на Азербејџан, расположена помеѓу Ерменија и Иран. Многу млад се вклучува во ерменското ослободително движење, за кое поминува неколку години во руски затвор. Своето воено образование го завршува во Софија, каде што воспоставил близок контакт со Внатрешната Македоно-Одринска револуционерна организација. При избувнувањето на Балканската војна, заедно со Андраник Озанјан, подпоручник Наждех формира ерменска доброволна чета во Македоно-одринското ополчение, со која учествува во војната против Отоманската империја. Заедно со своите македонски пријатели се вклучува и во Втората балканска војна против Србија и Грција, во која е ранет и добива крст „За храброст“. За време на Првата светска војна тој се борел против Турците во Анадолија, а при распадот на Руската империја води битки против болшевиците и учествува во прогласувањето на Република Планинска Ерменија, на која станува премиер. Кога независна Ерменија насилно е инкорпорирана во Советскиот Сојуз, Наждех се враќа во својата втора татковина – Бугарија. Од тука, тој се обидува да ги синхронизира активностите на ерменската дијаспора низ целиот свет. Посетува многу земји, вклучувајќи ги и САД. Кога Хитлер го напаѓа Советскиот Сојуз, Наждех гледа во тоа шанса за независна Ерменија и го поддржува создавањето на ерменски легион во составот на Вермахтот. По советската окупација на Бугарија, комунистичката влада го предава на советските власти, и покрај тоа што тој е бугарски државјанин и бугарски херој! Остатокот од животот го поминува во сибирските логори, но откако Ерменија конечно ја постигна својата независност во 1991 година, тој го добива своето заслужено признание.

Во Бугарија на него е посветена паметна плоча, но тој останува непознат за широката општественост. Се планира изградба на негов споменик во градот Плиска (и ова очигледно ја вбесило рускита пратеничка). Не ми е познато некој во Македонија да го испочитувал по каков и да било начин, макар што тој го ризикувал својот живот за слободата на нивните предци.

Хитлер е несомнено зол гениј кој му нанелол бескрајно многу страдања на човештвото. Но, Втората светска војна не е апокалиптичен судир меѓу „доброто“ и „злото“. Тоа е плетенка од многу различни конфликти. За многумина од Финска, до Унгарија, од Хрватска до Естонија, од Македонија до Ерменија агресивната политика на Германија изгледала како шанса да се исправат злата кои им се ​​нанесени од неправедните договори на Версајскиот систем и можност да се спасат од злото на комунизмот.

Погледнато од дистанца на времето, особено откако нацистичките злосторства, како холокаустот стануваат познати, нема сомневање дека сите соработници со Хитлер направиле стратешка грешка. Нацистите ретко ги исполнувале барањата за слобода и независност на нациите кои соработувале со нив. Во најдобриот случај, тие ги претворале во свои вазали. Но, пред да ги дамкосаме сите кои соработувале со Хитлер како „фашисти“ е убаво да си помислиме што можеле да направат за да ги претворат нивните земји во слободни и демократски општества? Која демократска држава во 1939 година ѝ предлага слобода на Македонија? Кој во 1941 година и предлага слобода на Ерменија?

Уште понеумесен е обидот на партии и режими, кои извршиле безброј злосторства да продолжуваат да се легитимираат како „антифашисти“, поради реален, (или често) измислен придонес за победата на т.н. „Антихитлеровска коалиција“, формирана по 22 јуни 1941 година, кога Хитлер го нападнал Советскиот Сојуз.

Кога зборуваме за доброто и злото, не е важно против кого се бориш. Важно е за што се бориш. Само ако се борите за слобода и демократија, имате право да се нарекувате антифашист. Ако како резултат на твојата борба биде утврден престапен режим, никаков твој придонес во победата над хитлеризмот, не може да ти служи како индулгенција.

––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO