Започна еден од најголемите улични карневали во Европа – оној во лондонскиот кварт „Нотинг Хил“, соопштува в. „Сан“.

Секоја година во тој дел на Западен Лондон се собираат стотици илјади луѓе кои со ентузијазам се вклучуваат во свеченостите во чест на афро-карипските култури и традиции. Карневалот се спроведува од локални имигрантски заедници од 1964 година.

Оваа година сопствениците на луксузни имоти во соседството заковаа дрвени панели на куќите за да ги заштитат своите домови од вандализам. Во последните неколку години, за време на карневалот избувнуваат судири, а не се ретки и посегнувањата врз туѓата сопственост. Од ʺСкотланд Јардʺ соопштија дека испратиле дополнителни полициски единици за обезбедување на настанот.

Учесниците во дводневниот карневал поминуваат низ специјални контролни пунктови и се претресуваат за опасни предмети – вклучително и ножеви.

Оваа година првата „жртва“ на вандалите кои празнуваат стана бела „Toyota Prius“. Автомобилот беше испраскан со спреј кога возачот се обидел да помине по една од централните улици на Нотинг Хил.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO