Семејството на Франциско Франко изјави дека ќе побара останките на покојниот шпански диктатор да му бидат предадени откако ќе бидат ексхумирани, соопшти АФП.

„Ќе се погрижиме за останките на мојот дедо, нема да ги оставиме во рацете на владата“, рече Франсис Франко, еден од седумте внуци на починатиот генерал.

ТАТКОВИНА потсетува дека шпанската влада усвои декрет со кој е дозволена ексхумацијата на останките на Франциско Франко од неговиот мавзолеј. Оваа одлука ги подели Шпанците и отвори многу стари рани. Премиерот на земјата, Педро Санчез, го направи отстранувањето на останките на диктаторот од неговиот мавзолејски комплекс во близина на Мадрид, своја главна задача. Веројатно ексхумацијата ќе биде извршена до крајот на оваа година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO