Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола призна дека е многу вознемирен од повредата на полудефанзивецот Кевин де Бројне поради која Белгиецот ќе отсуствува од теренот околу три месеци.

„Нема да биде воопшто лесно да го замениме Кевин. Ќе се обидеме да направиме се што е возможно без него и се надевам дека ќе се справиме до неговото враќање. Ќе го поддржуваме Кевин. Го советувам да се одмори и да го добие овој одмор, од кој беше лишен ова лето. Де Бројне ќе започне да тренира со тимот, кога ќе е подготвен. Лекарот рече дека ќе биде надвор од теренот најмалку два и пол месеци. Се надевам дека ова време ќе му биде доволно за да се врати и да ни помогне. Неговата повреда е голема загуба за Манчестер Сити. Со таква загуба се соочувавме и минатата сезона кога се повреди Бенжамен Менди. Де Бројне беше неверојатен минатата сезона. Се разбира, никој не сака такви повреди, но тоа е дел од фудбалот „, коментираше Гвардиола, цитиран од „Sky Sports“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO