Продолжуваат усилијата за минирање на едвај започнатото помирување меѓу Бугарија и Македонија! Откако претседателот Радев изјави, дека не слушнал извинување од македонскиот премиер Зоран Заев, претседателот Георги Парванов (2001 -2011) упати нови обвиненија кон Македонија. Тој ја обвини и бугарската дипломатија, која според него го „замела ѓубрето под килим“, „непретпоставувајќи, дека ќе дојде време во кое откажувајќи се од Античка историја во Скопје, (…) ќе започне да утврдува идентитет врз база на“ крадење на Бугарската историја „.
Според него, причината за пропустот на бугарската дипломатија била некаков странски притисок. „Тоа покажува кратковидост. Пропуштивме да ги разјасниме проблемите во договорот „, изјави тој во интервју за дневниот информативен блок на Радио ʺФОКУСʺ.
Повторно стануваме сведоци на елементарна манипулација или целосно недоразбирање на проблемот.
Присвојувањето од страна на Република Македонија на историјата на античкото македонско царство би можело да се опише со терминот „кражба“, бидејќи современите Македонци во никој случај не можат да бидат определени како биолошки, или културни продолжувачи на хеленизираната античка македонска цивилизација, која се распространила низ целиот Блиски Исток.
Но можат ли Македонците да го „украдат“ Гоце Делчев, Даме Груев, Илинденското востание? Се разбира дека не, бидејќи тоа е историјата на нивните директни предци, од пред малку повеќе од еден век. Можеме само да се заблагодариме на тоа дека југословенскиот режим решил да ја користи таа историја, макар и во силно фалсификувана форма и денес Македонците се идентификуваат со неа. Непосредно по Втората светска војна имало предлог сите кои се се идентификувале како Бугари да бидат исфрлени од учебниците. Прашајте некого на улица во Скопје, дали знае кои се Партениј Зографски, Методиј Кусев, или Екатерина Симитчиева? Малкумина ќе ви одговорат. Постоела многу реална можност, денес во Македонија само специјалисти да ги знаат имињата на водачите на историското ВМРО.
Договорот за добрососедство и пријателство сосема јасно востанови дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, која не може да ја делат и треба да ја споделат. Заедничкото славење на премиерите на Бугарија и Македонија на гробот на Гоце Делчев во Скопје ( се нашол таму откако бугарските комунистички власти ги предаваат посмртните останки на револуционерот на југословенска Македонија), нивното заедничко поклонување на гробот на Свети Кирил во Рим, поклонувањето на Зоран Заев пред спомениците на цар Самуил во Софија и на Гоце Делчев во Благоевград го поставија почетокот на традиција за заедничко славење на нашата заедничка историја!
Кога зборуваме за карактерот на Илинденското востание, нема потреба од повеќе информации од онаа што може да се добие од неговите востанички знамиња. Надписите на сите од нив се извезени на литературен бугарски јазик, на сите од нив фигурира бугарскиот златен лав, а на не малку од нив ќе ја видиме и бугарската тробојка.
Историјата не може да биде променета, колку и да е фалсификувана, секогаш ќе се најдат смели умови, кои ќе поставуваат непријатни прашања. Многу пострашно од политичка гледна точка е кога историјата е заборавена. Денес, малкумина во Македонија се сеќаваат за херојската борба за време на преродбата, за отворањето на бугарски училишта и цркви. Затоа и многу манипулатори со леснотија го омаловажуваат овој процес и го припишуваат на влијанието на Егзархијата, макар што е очигледно дека Бугарите, вклучувајќи ги и оние во Македонија се избориле за Егзархијата, а не таа како туѓ елемент создавала Бугари таму.
И сепак, одбивањето на огромното мнозинство македонски политичари да проговоратjавно за бугарскиот карактер на нивната историја без никакви резерви треба да нѐ натера да се замислиме. Зошто 28 години по независноста таму има толку силна волја да се бараат често смешни објаснувања, за да се „дебугаризира“ историјата?
Причините главно се две. Првата е крахот на бугарската кауза, по неколкудецениски исклучителни усилија. Преродбеници отвораат бугарски цркви и училишта, комити и востаници ги жртвуваат своите животи за бугарска Македонија, бугарски доброволци од Македониjа, како и родени таму офицери и генерали се борат храбро во војните, но сето завршува со крах. Кристе Мисирков ја осознава геополитичката обреченост на македонските Бугари уште по Илинденското востание и нуди како спас, вадење на Македонците од бугарското еднонационално ткиво. Ова, се разбира, доведува до уште пострашна поделба, раскинување на семејства, ужасни братоубиства и какви ли уште не мрачни настани. Кога сепак по Втората светска војна Мисирковиот план се претвора во официјална политика, во моментот кога Бугарија дегенерира зад Железната завеса, а Југославија се најдува во поволна временска геополитичка положба, Македонците постигнуваат невидени економски и социјални успеси. Не е изненадувачки што денес, за многумина од нив, е тешко да се одречат од Југославија и целокупната тогашна идеолошка конструкција.
Втората причина е во имиџот на современа Бугарија. Во Скопје денес страсно сакаат да се приклучат кон ЕУ и НАТО, но членството на Бугарија во овие организации им изгледа поскоро како аномалија. Бугарија едноставно не стои добро, а малкумина имаат желба да се асоцираат со неа, дури и на историски план.
Се разбира, треба да е jасно дека Македонците не произлегуваат од „нас“, туку од Бугарите такви какви што биле пред еден век. Бугарин од 9-ти век не е исто како Бугарин од 19 век, а уште помалку како бугарин од 21 век.
Ако сакаме Македонија да биде наш вистински сојузник, ако сакаме да им помогнеме да ја објективизиарат својата историја, треба од една страна да го признаваме и поддржуваме нивниот современ идентитет – базиран и на настани во нивната понова историја, но и самите ние да бидеме доволно престижно општество, така што „бугарин“ да не може да се користи како навредлив збор.
Македонците не можат да „крадат“ од нашата заедничка историја, бидејќи таа е и нивна. Тие имаат право да го култивираат нивното современо различие,доколку не ги репресираат оние свои сограѓани, кои го задржале нивниот бугарски идентитет.
И друго трябва да разбереме. Ако Грците инсистираа да ја разграничат нивната концепција за „македонес“, од скопската за „Македонци“, тогаш нашата цел е токму спротивната. Да не дозволиме разликите во термините „Македонец“ и „Бугарин“, кои може да се реални денес, да бидат транспонирани во минатото, кога Македонците се сметалеза недделив дел од бугарскиот народ. Илинденското востание е македонско, тракиско и бугарско. Но ние нема да ги натераме современите Македонци да се посомневаат во сè што слушнале од родителите и учителите со договор или со барања. За разлика од Грција, не треба да им го протриваме носот, туку да ги освоиме нивните срца. Типажи како претседателите Радев и Прванов, или историчари како академик Георги Марков и покојниот професор Божидар Димитров не се во состојба да го направат тоа!
––––––––––––––
Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа