Жртвите на поплавата во индиската држава Керала скокнаа на 324 до денес, соопшти владата.

Во Твитер, главниот министер на Керала Пинарај Виџајан, рече дека неговата држава „е исправена пред најлошите поплави во последните 100 години“, со „изгубени 324 животи“.

Во последните 24 часа, жртвите од десетдневната поплава во популарната држава за туристите, се зголемија речиси тројно.

40.000 луѓе останаа без домови и се сместени во привремени засолништа.

Керала е жртва на монсуни секоја година, но оваа година дождот е особено силен.

На помош на постраданите е испратена и Армијата, која помага да се евакуираат луѓето фатени во водната стапица.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO