Во материјал кој е посветен на присуството на рускиот претседател Владимир Путин на свадбата на австрискиот министер за надворешни работи Карин Кнајсел на 18 август, в. „Монд“ цитира дипломат, според кого Русија работи за размена на територии со Косово.
Според дипломатот, Кремљ е многу активен околу „експлозивниот“ план за размена на територии со Косово.
„Марија Захарова, портпарол на руската дипломатија, неодамна беше во Белград. Таа јавно го поддржува српскиот сојузник во овој процес. Русија има интерес оваа размена да се конкретизира, бидејќи се надева дека дополнително ќе подели Европејците и смета дека таквата промена на граници ќе послужи како аргумент за Крим пред Западот „, забележува неименуван европски дипломат пред „Монд“.
Весникот додава дека Захарова „може да смета на помошта на Виена, која е влијателна на Балканот“.
„Монд“ оценува дека со враќањето на власт на „Партијата на слободата“ (крајнодесничарска, која е дел од владејачката коалиција), која го номинираше Кнајсел за министер, позициите кон Балканот станале „двосмислени“ и покрај признавањето на независноста на Косово, бидејќи лидерот на „Партијата на слободата“ и заменик-канцелар на Австрија Хајнц-Кристијан Штрахе, изјави дека Косово и понатаму е дел од Србија и ја поддржува независноста на Република Српска.
Путин е поканет на свадбата на Кнајсел во сабота и се очекува да присуствува, пред да отиде на средба со канцеларката Ангела Меркел во Германија, пишува францускиот весник.
Весникот посочува дека владата на Путин има врски со неколку десничарски партии во Европа. И нагласува дека присуството на Путин на свадбата, исто така, ќе станат јасни неговите лични контакти со некои од лидерите на овие партии.