Опис: Книгата ги покажува знамињата и печатите од Илинденското востание.

Автор: Авторот е роден во Охрид. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и докторирал во Љубљана. Со години работи во Музејот на Македонија во градот Скопје.

Извор: Книгата е дадена од Кристијан Танески од Охрид.

За да ја прочитате целата книга, притиснете тука.

Извор: Онлајн Библиотека Струмски


За знамето на насловната на книгата:

На насловната страница на книгата е знамето на Охридските востаници за време на Илинденското востание. Знамето на кое е насликана жена која го држи бугарското знаме е изработено од охридските учителки Поликсена Мосинова, Василка Рамзова, Клија Самарджиева и Костадинка Бојаџиева. Било наменето за востаниците од Охрид.

Осветено е на 23 јули 1903 година од страна на поп Васил Попангелов, деец и организатор на востанието во с. Долна Дебарца. На осветувањето присуствувале 600 лица четници и селани од селата Куратица, Брежани, Плаке и Олејница. По осветувањето, знамето му било предадено на војводата Христо Узунов.

Штабот на востанието во с. Смилево во состав Дамјан Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев наредуваат востаничките одреди и чети во битолскиот округ да започнат борбени дејства на Илинден.

Востаниците водат битки во Охридско, Дебарско и Струшко. Четата на војводата Христо Узунов војува до 24 април 1905 година, кога во битката кај Цер, Кичевско, загинуваат сите четници, заедно со војводата. Знамето на Илинденското востание во Охрид е пренесено од преживеаните востаници во слободна Бугарија.

 

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO