Наметнатите од САД санкции против Турција се штетни за угледот на Вашингтон, предупреди турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Добата на малтретирање треба да заврши“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со рускиот колега Сергеј Лавров на конференцијата на амбасадорите во Анкара.

„Ако САД сакаат да продолжат да бидат достојна земја за почит, тоа не може да се случи со овие барања“, рече тој, мислејќи на санкциите.

„Ние сме против САД или било која земја, коjа наметнува санкции“, додаде тој.

Од своја страна Лавров изјави дека американската „незаконска и нелегитимна“ политика на санкции не може да трае долго.

Турција и САД во моментов се во затегнати односи откако Вашингтон воведе санкции на двајца владини министри кои не го ослободија американскиот пастор Ендрју Бренсон, кој се соочува со обвиненија за тероризам во Турција.

На 10 август претседателот Доналд Трамп ги удвои тарифите за трговија со турски алуминиум и челик.

На петдневната амбасадорска конференција присуствуваат 249 турски амбасадори, како и голем број на странски дипломати.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO