БЗНС ја коментира изјавата на Румен Радев за провокативна и спротивна на националните интереси и дестабилизирачка за Балканот.

Неговата изјава за Заев: „А вие го чувте ли дека има извинување? Јас не слушнав извинување. Заев го посочи како грешка, но не ги коригира зборовите“, е баран ефект за разгорување на конфликт.

Потсетуваме дека истиот Румен Радев неодамна го прими македонскиот Претседател, кој отворено се спротивставува на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија и кој се одметна од ветувањето да дојде во Софија на парадата за Денот на храброста, иако во на неа учествуваше и македонска војска. Истиот одби да се поклони на бугарските воени гробишта во Ново Село (Струмичко), каде се погребани и неколку бугарски војници од Македонија и јавно тврди дека денешните Македонци се директни потомци на Александар Македонски.

Но тогаш Румен Радев не ја заштити бугарската историја! Да го примаш Ѓорѓе Иванов, а да се зајадиш со Зоран Заев, кој го потпиша договорот за Добрососдество и пријателство со Бугарија, кој се поклони пред спомениците на цар Самуил во Софија и на Гоце Делчев во Благоевград, е најблаго речено манифестација на двоен стандард. Која е целта на оваа непотребна расправија од страна на бугарскиот Претседател, можеме да претпоставиме од вториот дел од неговата изјава: „Неприфатливо е за мене и неприфатливо е евроатлантската перспектива на Македонија да се случи за сметка на бугарската историја, идентитет и суверенитет“.

Радев и неговите советници не можат разберат дека со своите смели активности Заев отвори дебата во македонското општество на теми кои досега беа табу! Бугарија не може да очекува драстичен пресврт. Потребен е подолг период на еволуција и осмислување на историјата, а тоа ќе се случи само во присуство на перспективата за иднината. Бугарските државни институции се должни да го поддржат секој мал чекор во овој процес. Јасно е дека без објективизиране на историјата, наставата во училиштата, Македонија нема како да го затвори поглавјето „Образование“ при преговорите за членство во ЕУ. Бугарија треба да комбинира цврстина и одлучност, но и флексибилност и подготвеност да подаде рака на Македонија во решителни моменти како овој.

Денес Москва не ја крие својата стратегија да го спречи членството на Македонија во НАТО. Македонакиот претседател исто така, прави се што е можно да го спречи членството на земјата во НАТО. Дали тоа не ги поврзува двајцата претседатели? Ако Русија успее во анти-атлантскиот потфат, југозападната граница на Бугарија ќе остане во зоната на нестабилност и несигурност. Дури опстанокот на Република Македонија – чија независност беше голем триумф и на бугарската дипломатија, ќе биде ставена под сомнение.

Го сметаме за крајно злонамерен Претседателот, подигнат од партијата која долги години работеше не само за создавање на македонската нација, но и за создавање на македонско малцинство во Бугарија, да го користи примарниот национализам и елементарната расправија, за да го провали во зародиш едвај започнатото, но така потребно помирување меѓу Македонија и Бугарија.

БЗНС изјавува дека со таквото однесување Румен Радев штета на мирот на Балканот и на бугарскиот национален интерес и потчинето служи на надворешнополитичката стратегија на Кремљ за дестабилизација и контрола над регионот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO