Одбележувањето на годишнината од Илинденско-Преображенското востание беше употребено за нов бран на политички шпекулации. Наместо спомен за жртвите и почит кон нивниот стремеж за слобода, една изјава на македонскиот Премиер беше употребена како повод за политичка конфронтација. И покрај извинувањето на Зоран Заев, темата ќе продолжи уште некое време да биде експлоатирана во корист на заедничката пропагандна шема. Ако се суди според фигурите кои беа активирани како портпароли против „кражбата на бугарска историја“, во поголема слика, нема сомневање дека станува збор за провокација, зготвена од Путиновата доктрина.

Нејзината цел е да се создаде недоверба и конфронтација,да ги расколебат резултатите од референдумот во Македонија и да прекинат или барем да го успорат процесот на пристапување на земјата кон НАТО, а во перспективата кон Европската унија. Станува збор за групи од интерес, делејќи радикален реваншизам кои најчесто гравитираат околу БСП или други национал-популистички партии, но секогаш се комбинираат во анти-европски настроенија, спротивставување кон НАТО и се длабоко поврзани со тајните служби на комунистичкиот режим во Бугарија. Тие постојано се декларирале против Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, што направи можна промена во перспективите пред процесот на европска интеграција.

Тие разбираат добро дека пристапувањето на Македонија кон Алијансата и евентуалниот успешен крај на преговорите за името со Грција, ќе го променат опсегот на влијание на Руската Федерација на Балканот, а со тоа ќе ги ограничат и нивните економски и политички амбиции. Македонскиот премиер, кој во почетокот беше определен како лидер од типот на Алексис Ципрас, има историска шанса, заедно со својот грчки колега, да постигне длабока и стратешка промена за својата земја. Бугарија е дел од овој процес и токму избраната позиција на нашата земја го помага развивањето на мултилатералните односи.

Токму двоумењето и недостатокот на решителност во НАТО и Европската унија, дозволија Македонија, како и други земји, да ја загубат, за долг временски период, својата конкретна перспектива. Ова доведе до режимот на Груевски и ги прошири можностите за интервенција на трети страни во процесот на европска модернизација. Но, во овој конкретен случај, обидите за разгорување на спорот за тоа е што е бугарско, а што – македонско, е израз на немоќ, како во однос на сегашноста, така и на иднината. Политичките шпекулации со историски факти го нарушуваат просторот за граѓанска дебата. Фактите околу Востанието се одамна разјаснети и секој би можел да ги види, ако навистина има почит кон загинатите за слободата. Но, воопшто не е така. Монополските тврдења во минатото го заменуваат значењето на политичката дебата за иднината.

Предолго бугарскаиот публицитет беше доминиран од луѓе кои поради обврските кон Државна безбедност се сметаа за експерти за „македонската линија“. Тоа го забави процесот на осмислување на бугарскиот национален интерес во одржлива евро-атлантска перспектива на модернизација на Македонија и земјите од Западен Балкан. Наместо прагматична агенда на соработка, да гради доверба, ние продолживме предолго да спориме за тоа што е македонско, а што – бугарско во нашата заедничка историја.

Во Македонија тоа стигна до апсурдот на политиката на „антиквизација“, а кај нас до изградбата на кругови од македонстващи Бугари, кои блокираа дебата, налагајќи трајна недоверба кон шансите за нормализирање на односите со нашите соседи. Нова Македонија, како и да се вика таа во иднина ќе продолжи да биде важен партнер во нашиот развој. Ние имаме интерес од забрзаната модернизација на земјата и остварување на одржливи резултати во процесот на подготовка за пристапување кон Европската унија. Оваа политика нема алтернатива што е во согласност со бугарскиот национален интерес.

Од нас зависи во следните десет години, оваа политика да изгради доверба и сигурност. Но првиот чекор е да биде ограничен притисокот за предизвикување на конфронтација во интерес на активирани, повторно бивши царски интереси. Патот ни е заеднички можеме да продолжиме по него само ако се доверуваме повеќе на себе и на нашите соседи. Тоа не може да е само лековерност, а еднаквост и заедништво во кој односите ќе се развиваат „Вера заради вера“.

Оригинален текст: СПЕЦИАЛНО ЗА ДЕБАТИ.бг, Вера зарад вера

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO