1905 година, по ѕверски измачувања, е убиен Максим Костов, бугарски револуционер, кичевски реонски војвода на Внатрешната Македоно-Одринска револуционерна организација.

Костов е роден во 1876 година во Рабетино, Кичевско, тогаш во Отоманската империја, денес во Република Македонија. Емигрира во Србија и, како Бугарин, бил прогонуван од српската полиција и лежи 6 месеци во белградскиот затвор. Плаќа 25 наполеони на оркестар во локал во Белград за да му ја свират бугарската национална химна „Шуми Марица“. Се враќа во своето родно село во 1902 и е назначен за началник на четите во реонот. Костов е уапсен од Турците и лежи во затвор неколку месеци. По излегувањето од затвор, учествува во Илинденско-Преображенското востание. Води жестока борба против српската пропаганда по востанието.

Максим Костов бил заробен од страна на ренегатот Јован Долгач и, по ѕверски измачувања, е убиен на 10 август 1905 година во Рабетино.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO