Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на синоќешниот состанок со претставници на силите за безбедност наредил интензивирање на мерките за спречување на растечкото насилство на Палестинците во Појасот Газа.

Израелската војска вчера изведе неколку десетици напади врз палестинската територија каде што биле убиени тројца Палестинци, меѓу кои една бремена жена и нејзиното 18 годишно дете. Претходно, палестински Хамас истрелал неколку десетици ракети врз цели во Израел.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO