Понатамошно засилување на економските санкции против Русија може да биде дефинирано како прогласување на економска војна, изјави премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

Според рускиот премиер на оваа војна, мора да се даде економски, политички или друг вид одговор.

„Не сакам да ги коментирам идните санкции. Можам да кажам сепак едно: ако следеше нешто од сортата на забрана за активностите на банки или за користење на оваа или онаа валута, тогаш ова сосема директно може да се нарече прогласување на економска војна. На оваа војна треба да се одговори – преку економски методи, со политички методи и, доколку е потребно, со други методи. И тоа нашите американски пријатели треба да го разберат“, изјави Медведев во одговор на новинарско прашање за тоа како евентуални идни санкции би влијаеле на економијата на Русија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO