Велика Британија смета дека повиците за промена на границите би можеле да доведат до нестабилност на Балканот.

Ова се вели во пораката од британската амбасада во Приштина. „Убедени сме дека повиците за промена на националните граници може да доведат до дестабилизација“, се вели во пораката на дипломатската мисија во Косово испратено до Радио Слободна Европа.

Во документот се нагласува дека „властите во Лондон jа поддржуваат нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, кои се определуваат како витални за безбедноста, стабилноста и напредокот на двете земји и регионот во целина“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO