Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека го поддржува залагањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ за разграничување на Косово и оти смета дека тоа е единствено можно и брзо решение. Дачиќ истакна дека се уште е рано да се зборува дали до тоа ќе дојде или не. Исто така, коментирајќи го ставот на САД, тој рече нивната позиција се променила, бидејќи претходно сметале оти прашањето за Косово е решено и дека таа тема веќе не може да се отвора.

„Со доаѓањето на новата администрација се промени позицијата во смисла дека се отворени да ги разгледаат сите предлози за креативни и флексибилни решенија. Тоа е она што ние го баравме“, рече Дачиќ. Тој додаде дека САД, Русија и Франција се многу заинтересирани да се дојде до компромисно решение.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO