Грција цврсто се стреми кон добри односи и соработка со нејзините соседи за да ги реши долгогодишните проблеми како што е проблемот со името, во корист на самата земја, на Балканот, на Европа и на сите народи. Русија во овој момент, се чини дека не може да ги сфати принципиелните позиции на грчката надворешна политика, соопшти грчкото МНР во реакција за одлуката на Москва да протера двајца грчки дипломати.

Соопштението, кое е прво официјално на грчкото МНР по заладувањето на односите меѓу Грција и Русија, е насловено: „Давајќи му предност на националниот интерес: трезвено и стабилно“, пренесува МИА.

Во соопштението е наведено дека одлуката на руското МНР не се базира на докази, како што било случај со грчката страна, туку дека е „своеволна и одмаздувачка“, а оти официјална Атина, „трезвено и трпеливо“ ќе одговори на мерките од официјална Москва.

„Сакаме да ги потсетиме пријателите Руси дека ниту една земја во светот немаше да толерира обиди за: поткупување на државни функционери, поткопување на нејзината надворешна политика, интервенции во внатрешноста на нејзината земја. Грција презеде мерки само откако регистрираше опипливи обвинувачки податоци“, се вели во соопштението.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO