Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјави за „Новости“ и „Блиц“, со кои го објасни својот став во врска со споровите со Косово, кој тој го претстави вчера пред медиумите во град Шид.

Тој изјави пред „Новости“ дека Србија „сака јасни граници, а не привремени,  кои предизвикуваат провокации, какви што се денес“, за кои едно е запишано во документите, а во пракса се случува сосема друго.

Објаснувајќи jа неговата позиција по контурите, Вучиќ изјави за „Блиц“ дека „сака држава, чии граници се познати, определена земја, која jа обезбедуваме“.

Тој изјави за овие белградски медиуми дека неговата идеја за разграничување не е нова и дека оваа можност е со години. Вуушиќ повторно нагласи дека зборувал за ова многу пати, а не како што некои кажуваат за првпат.

„Многупати сум зборувал за тоа, тоа не е ништо ново, а тоа што некои, поради нивната совест,  гледаат во тоа секакви чуда и имаат развиена фантазија, тоа веќе не го разбирам“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека не сака да објавува конкретни работи за тоа за што се преговара со Косово, бидејќи „така ќе ги откријам картите на Србија“.

Тој јасно стави до знаење дека на 4 ноември нема да има ниту избори, ниту референдум, како што прогнозира опозицијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO