Вашата земја гради светла иднина и напредува. НАТО ја споделува вашата посветеност кон демократијата, владеењето на правото, како и безбедноста и стабилноста во регионот. Вашата континуирана поддршка е важна не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа. Со нетрпение очекувам да станете 30-та членка на НАТО „, рече високиот командант на Обединетите сили на НАТО во Европа, генерал Кертис Скапароти кој денеска е во посета на Македонија.

Генерал Скапароти заедно со делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, предводена од министерот Радмила Шеќеринска набљудува воена вежба во касарната „Илинден“.

„Преку Вашето долгогодишно партнерство со НАТО земјата веќе има постигнато значителен напредок во реформите на одбраната и воената компатибилност со сојузниците. Признавајќи ја историската покана на сојузниците за почеток на преговори со НАТО, признаваме и почитуваме дека предизвиците остануваат пред вас, но претстои и многу работа. Во исто време, со нетрпение очекуваме да им дадеме практична поддршка на вашите воени власти во процесот на пристапување. Убедени сме дека адресирањето на овие предизвици и успешното пристапување кон Алијансата ќе имаат исклучителна корист за вас. Земјите кои се приклучиле кон Алијансата, успеале да ја зајакнат својата демократија, да ја зајакнат безбедноста и да го направи животот на своите граѓани побезбеден „, изјави Скапароти.

Министерот за одбрана Шеќеринска рече дека посетата покажува како се менуваат работите во Македонија по 11 јули, кога беше добиена поканата од НАТО.

„Денес сме домаќини на првиот воен претставник на НАТО во Европа при неговата прва посета на Македонија. Оваа засилена динамика ја покажува цврстата решеност на Македонија да стане членка на НАТО во брз и интензивен процес „, рече Шеќеринска.

Генерал Скапароти ќе се сретне со премиерот Зоран Заев денес попладне.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO