Ден пред да биде пронајден мртов во својата ќелија, jугодиктаторот Слободан Милошевиќ испратил писмо до министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Ова го изјави во интервју за „Неделник“ еден од најпознатите српски адвокати Зденко Томановиќ, кој го бранеше Милошевиќ.

„Ден пред да биде пронајден мртов во неговата ќелија Милошевиќ ме замоли да појдам кај него порано во затвор и да го однесам неговото своерачно напишано писмо во руската амбасада со барањето писмото да биде предадено на рускиот министер Сергеј Лавров. Во ова писмо тој се жалеше дека во Трибуналот го трујат и бараше од Русија да биде спасен и заштитен. Веднаш го предадов писмото во руската амбасада, а дека е примено подоцна беше потврдено од Лавров. Ден подоцна Милошевиќ е пронајден мртов“, рече Томановиќ. Тоа и е единствениот српски државјанин, кој го видел мртвото тело на диктаторот во ќелијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO